Интервјуто за сајтот на ФФМ на Дарко Панчев, денеска ја разбранува јавноста. Како и секогаш што се вели без влакно на јазикот, тој има што да каже на повеќе теми.
А една од тие дали и колку е близок со сегашното раководство на Фудбалската федерација на Македонија и дали тој со одредени изјави му се додворува на ФФМ, посебно на претседателот Муамед Сејдини:
“Кој го познава Дарко знае дека јас никогаш не сум се додворувал на никого. Јас секогаш сум бил објективен. Инаку мене ми пречеа одредени изјави пред две години, потоа написите на некои медиуми од типот…- Оваа репрезентација е најдобра во историјата, заради успехот и пласманот на ЕП, тогашниот селектор бил најдобар селектор во историјата и слично…. и добро. Ама, што е со ФФМ, со претседателот. А од друга страна пишуваат дека треба да го сменат претседателот. Чекајте малку, зошто сте необјективни. Ако таа селекција и тој селектор ги квалификувате како најдобри во историја, тогаш и претседателот на ФФМ треба да биде квалификуван како најдобар во историја. Па тој ја води Федерацијата, не ја водам јас. Значи и тој е заслужен за успесите. Тогаш тој е најдобар претседател во историјата. Инаку јас да му се додворував на Сејдини тој секако досега ќе ме ставеше на некоја функција“.
Инаку на видеото Панчев ова го говори од 38.минута.