Пелистер по чудо кај ПСЖ на Раул Гонзалес

104

Македонскиот првак, Пелистер е пред нова тешка задача во Лигата на шампионите. Серијата на пресметки со врвни европски тимови ја продолжува во Париз против ПСЖ, предводен од Раул Гонзалес.

Францускиот првак се наоѓа на третото место во групата А со скор од две победи и еден пораз. ПСЖ во минатото коло беше поразен од Кјелце на гостински терен, па битолчани ќе бидат одлична шанса да се вратат на победничките патеки.

Избраниците пак на Александар Јовиќ на ова гостување заминаа со една цел – да ја повторат играта против Кил, да не му дозволат на далеку поскапиот тим на ПСЖ да се разигра и лесно да дојде до два бода, велат ќе ја искористат секоја шанса.

„Многу ни значи тоа што одигравме одличен натпревар против Кил. Влијае тој натпревар на самодовербата, иако не победивме, а имавме можност за тоа. Се подигнавме психички, па тоа ни е добредојдено за следните предизвици. ПСЖ е најсериозен испит сезонава. Заедно со Киелце, сметам дека нашиот следен противник е најсилната екипа во групата, па и во Европа. Го имаат најдобриот тренер во светот – Раул Гонзалез. Променет им е составот од минатата сезона, им треба време да се воиграат, но имаат екстра-квалитет. Сепак, се екипа од дваесет милиони евра, тука е голема разликата со нас. Треба да одиграме најдобро што можеме, па што биде, нека биде. Октомври и ноември се најтешки месеци во сезоната, но веќе сме во тој ритам и само да сме здрави и да не избегнат повредите, ќе ги исполниме целите“, вели Марио Танкоски. 

Пелистер на домашен терен беше поразен од Колштад и Кил, додека на гостински терен од Алборг, се наоѓа на последното место на табелата во групата А, како единствен тим без победа.

 

ПретходноНајмалите фанови од градинката “Буба Мара“ со поддршка за репрезентативците на Македонија!
СледноКалин поразен во осминафиналето во Братислава!