Реал Мадрид размислува долгорочно, па токму затоа нема да дозволи најдобрите фудбалери да преминат во друг тим. Од Шпанија доаѓаат информации дека раководството на клубот со Едуардо Камавинга и со Федерико Валверде ја продолжиле соработката.
Двајцата фудбалери веќе потпишале договори со 2028 година, во кои има клаузули за раскин во висина од по една милијарда евра. Претходниот договор на 25-годишниот Уругваец беше до 2027 година, а на 20-годишниот Французин – до 2025 година.
Камавинга во Реал дојде во 2021 година од Рен, додека па Валверде во Реал е од 2016 година, пристигна како тинејџер од Пењарол за пет милиони евра. Ги мина младинските екипи, а потоа доби место во сениорскиот тим.