Македонската фудбалска репрезентација слета во Прага, каде што беше дочекана од десеттина фанови кои имаа спремно албуми со слики од нашите репрезентативци од кои бараа потпис. Столе, Адеми, Трајковски, Елмас беа цел на фановите.
Македонија во сабота игра со Украина токму во Прага, главниот град на Чешка во квалификациите за ЕП 2024.