Фудбалската федерација на Костарика веќе четири месеци е во потрага по нов селектор после отказот на Луис Фернандо Суарез. Моментално со националниот тим работи Клаудио Вивас, но од Федерацијата бараат постојано решение, па одлучиле тоа да го направат на оригинален начин – преку оглас на шпанскиот портал „Фудбал џобс“ (Futbol Jobs) .
Во огласот напишале дека нудат плата од 50.000 долари месечно со дополнување дека Федерацијата е подготвена и за промена на условите доколу кандидатот е спремен да ја предводи репрезентацијата.
До сега 22 тренери се пријавиле на огласот, а од Федерацијата ќе одберат со кои ќе почнат преговори. На последното СП 2022, Костарика заврши последна во групата.
⚽ 𝗡𝗨𝗘𝗩𝗢 #𝗘𝗠𝗣𝗟𝗘𝗢
🌎 #Entrenador para selección centroamericana
🔗 https://t.co/Feo3gHKWKW💻 #𝗙𝗨𝗧𝗕𝗢𝗟𝗝𝗢𝗕𝗦 pic.twitter.com/1Al7dUAzq7
— FutbolJobs Oficial (@FutbolJobs_ES) October 11, 2023