Една од легендите на Ајакс, Роналд де Бур ја анализираше комплицираната ситуација во холандскиот гигант во подкаст на „Фудбал интернешнл“. Неочекувано Ајакс има само пет бода од шест кола, како и пет меча без победа од кои три по ред порази. Затоа е на 16-тото место (од 18 екипи) на табелата.
„Загрижен сум, не знам каде ова оди. Можеби сум суров, но не можеш да направиш чоколадо од лајно. Го гледав мечот со АЗ Алкмар и поразот од 1:2. Тоа беше многу лоша игра“, објасни Де Бур.
Тој објасни дека играчите не се виновни за оваа ситуација.
„Немам ништо против момците кои дојдоа летоска. Тие се среќни што играат за Ајакс, но не можеш да донесеш толку второразредни фудбалери со мислата дека тие ќе заиграат на највисоко ниво. Сите мислат дека во наредните 20 години постојано ќе играме со Баерн или ПСЖ. Сето ќе исчезне и затоа боли“, додаде тренерот.
🇳🇱 😱 Ronald de Boer se despacha a gusto con “su” Ajax
🍫 “𝑵𝒐 𝒔𝒆 𝒑𝒖𝒆𝒅𝒆 𝒉𝒂𝒄𝒆𝒓 𝒄𝒉𝒐𝒄𝒐𝒍𝒂𝒕𝒆 𝒄𝒐𝒏 𝒎𝒊𝒆𝒓𝒅𝒂” 💩
— MARCA (@marca) October 11, 2023