Сензационално: Мегваер се закани дека ќе си оди – “Нема да седам овде цел живот, ако не сум стартер“!

316

Сензационална изјава на Хари Мегваер, дефанзивецот кој во светот на фудбалот се смета за најголем киксер во тимот на Манчестер Јунајтед, па и вооопшто.

Факт е дека тој е надвор од плановите на стратегот Ерик Тен Хаг, и ретко добива шанса да биде стартер. За разлика од Јунајтед, во репрезентацијата на Англија, Мегваер е стандарден.

И сега дојде време еден Мегваер да се заканува со заминување ако во блиска иднина не добие поголема минутажа во тимот од “ОлдТрафорд“:

“Секако дека нема да седам овде цел живот, до крајот на својата кариера, ако не играм почесто. Вака добивам шанса еднаш месечно, па така размислувам да си одам. Ако работите не се променат ќе разговарам со луѓето од клубот. Јас лично верувам во своите квалитети“ посочи стоперот.

ПретходноПовторно е распишана потерница за апсење на НБА ѕвездата за семејно насилство
СледноМакедонија летна за Прага, желбата е победа над Украина! (ФОТО)