Христо Стоичков: Кога ја добив “Златната топка“ го видов Кројф со солзи во очите од среќа!

597

Христо Стоичков важи за легенда на Барселона, се разбира и на својата Бугарија. Кога беше активен фудбалер важеше за еден од најдобрите во светот а во 1994 година ја доби и „Златната топка“. За тоа како одреагирал тогаш неговиот тренер во Барса, Јохан Кројф, Стоичков кој често доаѓа во Скопје и Македонија, истакна деновиве во едно интервју:

No photo description available.

Во моментот кога се вративме од Париз, откако ја добив “Златната топка“ го видов мојот тренер Јохан Кројф со солзи во очите од среќа. Дури тогаш сфатив дека тој не само што е мој тренер, учител туку и мој втор татко. Следниот ден кога се вративме на тренинзите не ме ни поздрави, ништо. Како ништо да не се случило. Не ме ни прегрна во соблекувалната, не ми кажа ни збор. После тренингот ми се јави на телефон и ми рече-Христо, јас си ја завршив својата работа. Ти се сега најдобар во светот, но само од тебе зависи колку долго ќе останеш на врвот“.

ПретходноРепрезентативците делеа автограми на аеродромот во Прага (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНајавен, па потврден – Озбајер е нов тренер на Гостивар