Албанија ита кон ЕП, Шпанија најде лек за Шкотска, Турците славеа во Осијек (ВИДЕО)

759

Репрезентацијата на Албанија во фуриозен стил и со 3:0 ја совлада Чешка во дерби дуелот на групата Е во квалификациите за Евро 2024 и на две кола пред крајот на квалификациите со една нога обезбеди учество на престојниот собир на најдобрите европски квалификации. Сите три гола ги постигнаа фудбалери кои беа потенцијални репрезентативци на Македонија, затоа што првите професионални чекори ги направија во Вардар и Работнички.

Albania 1-0 Czech Republic – Jasir Asani 9′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Јасир Асани со уште еден убав гол во 9. минута донесе голема радост за домашните навивачи на Националната арена во Тирана, па потоа на сцена стапи Таулант Сефери, кој со два гола ја потврди победата на домашните во 51. и 73. минута. Во оваа група Полска успеа да ги освои трите бода кај Фарските Острови и да остане во трка со Чешка за евентуално второто место кое води на ЕП.

Шпанија во Севиља со 2:0 ја совлада Шкотска во исклучително важниот меч за пласман на едно од двете места кои обезбедуваат пат кон Евро 2024. Шкотите кои имаат 5 победи во 5 одиграни средби досега, го претпеа првиот пораз, но останаа лидери во групата со 3 бода предност пред Шпанија. Головите за победа на Шпанците ги постигнаа Мората (73′) и Сансет (86′).

Голема победа и за Турција на гостувањето во Осијек против Хрватска. Турците со голот на Бариш Јилмаз постигнат уштево 30. минута дојдоа до триумф и го запоседнаа врвот на табелата во групата Д, каде Хрватска сега е втора со три бода помалку од Турција.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

ГРУПА А

Кипар – Норвешка  0:4

Шпанија – Шкотска  2:0

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Д

Летонија – Ерменија 2:0

Хрватска – Турција  0:1

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Е

Албанија – Чешка  3:0

Фарски О. – Полска  0:2

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА И

Андора – Косово  0:3

Белорусија – Романија 0:0

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноБарса без милост, Магдебург се мачеше во Плоцк
СледноИм донесе тројна круна па доби отказ