Репрезентацијата на Летонија ја победи Ерменија со 2:0 во Рига, во првиот меч од седмото коло од квалификациите од групата Д за Европското првенство во Германија.
Летонците ги освоија првите бодови во овој циклус, додека Ерменците останаа без шанси да се борат за второто место кое води на ЕП.
Домашните поведоа во 39. минута преку Икауниекс, а иако од 53. минута играше со десетмина, во 68. минута Балодис ја удвои предноста на Летонците.
Во оваа група вечерва се игра уште еден натпревар. Хрватска во Осиек ја пречекува Турција.
Standings provided by Sofascore