Лукаку имал бурно лето: Во еден момент мислев ќе експлодирам

219

Ромелу Лукаку е еден од оние фудбалери кои имал понуда да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, но не бил подготвен да ја напушти Европа. Репрезентативецот на Белгија добил понуда од Ал Хилал.

Лукаку е член на Челзи, но игра на позајмица во Рома.

„Среќен сум што Ал Хилал беше заинтересиран за мене. Но, после неколку разговори одлучив да не заминам на Блискиот Исток. Саудиската лига ќе стане една од најдобрите во светот, но едноставно не бев подготвен да ја напуштам Европа“, откри Лукаку.

Тој за време на летниот рок имал и бројни понуди од Европа и Азија, во еден момент ваквата ситуација созадала голем притисок.

„Не сакам да ја заобиколувам таа тема. Сите ќе бидете шокирани кога ќе ви кажам што се случи ова лето. Имаше моменти кога мислев дека ќе експлодирам. Сега се фокусирав на она што најдобро го работам, а тоа е фудбалот“.

На почетокот на сезоната Лукаку одигра осум мечеви за Рома и постигна седум голови.

ПретходноМеси со најновата одлука ги фрли во очај фановите на Барселона
СледноЛегија излезе со детали од апсењето на српскиот фудбалер во Холандија (ВИДЕО)