Како што „СпортСпорт“ најави уште пред пет дена, македонскиот прволигаш Гостивар го ангажираше турскиот стратег Емре Озбајер за нов тренер на тимот. Тој заедно со својот асистент Мустафа Алтуналан беше претставен како нов стратег на гостиварчани кои не ја почнаа добро сезоната.
Тој доаѓа на местото на Мурат Дабан, а во последните три кола, во кои Гостивар забележа две победи и реми, тимот го водеа помошниците на чело со Муарем Муарем и супер си ја одработија својата работа.
Озбајер бил тренер на Ескишехир.