Повторно е распишана потерница за апсење на НБА ѕвездата за семејно насилство

214

Распишана е потерница по кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис, кој беше осуден за семејно насилство во ноември, откако брутално ја претепа својата тогашна девојка, со која има две деца. Бриџис потоа беше осуден на три години условна затворска казна со 10-годишна забрана за приоѓање на неговата поранешна девојка.

Сепак, како што пишуваат американските медиуми, тој ја прекршил оваа забрана уште во јануари, го скршил стаклото од автомобилот пред нејзиниот стан. Во средата, на Бриџис му беше издадена судска покана заедно со налог за апсење. Доколку судот пресуди дека тој ја прекршил забраната, ќе му се активира условната затворска казна.

Бриџис минатата сезона не играше во НБА, бидејќи против него имаше судски спор. По завршувањето на судската постапка, НБА го суспендираше на 30 натпревари, од кои 20 веќе одлежа. Пред оваа сезона, Шарлот Хорнетс, каде ја помина целата своја кариера, потпишаа едногодишен договор со Бриџис вреден 7,9 милиони евра.

Бриџис требаше да ги пропушти првите 10 натпревари оваа сезона и потоа да се врати во тимот, но сега тоа е под голем знак прашалник. Пред да биде осуден за семејно насилство, беше ѕвезда во подем во НБА. Во сезоната 2021/22. тој имаше просек од 20,2 поени по натпревар со седум скока и 3,8 асистенции.

ПретходноОлександар Пихаљонок: Украина е максимално подготвена за дуелот со Македонија!
СледноСензационално: Мегваер се закани дека ќе си оди – “Нема да седам овде цел живот, ако не сум стартер“!