Реал Мадрид мисли на иднината – го задржува најдоброто

331

Реал Мадрид размислува долгорочно, па токму затоа нема да дозволи најдобрите фудбалери да преминат во друг тим. Од Шпанија доаѓаат информации дека раководството на клубот со Едуардо Камавинга и со Федерико Валверде ја продолжиле соработката.

Двајцата фудбалери веќе потпишале договори со 2028 година, во кои има клаузули за раскин во висина од по една милијарда евра. Претходниот договор на 25-годишниот Уругваец беше до 2027 година, а на 20-годишниот Французин – до 2025 година.

Камавинга во Реал дојде во 2021 година од Рен, додека па Валверде во Реал е од 2016 година, пристигна како тинејџер од Пењарол за пет милиони евра. Ги мина младинските екипи, а потоа доби место во сениорскиот тим.

ПретходноБензема отворено за животната промена: Како муслиман, тука се чувствувам спокојно!
СледноВисар Муслиу: Не криеме дека во Прага одиме на победа!