Инаки Влијамс сега е голема ѕвезда во Ла Лига. Тој е долгогодишен столб на Атлетик Билбао. Роден е во Билбао, но неговите родители пред тој да се роди емигрирале од Гана во Шпанија.
Инаку не се срами до своето минато, тој на секој начин им заблагодарува на своите родители, кои заедно со својот брат Нико Вилијамс ги извеле на вистинскиот пат.
“Кога бевме во Гана минатото лето на една правлива улица видовме неколку босоноги дечиња како продаваат банани. Јас веднаш му реков на Нико дека ако беа нашите родители можевме едно од тие деца да бидеме и ние“ кажа Инаки.
Инаку тој откри дека при патувањето од Гана во Шпанија, неговите родители имале големи непријатности:
“Тоа било тешко патување, биле буквално исцрпени, а и морале во одредени моменти да ја пијат сопствената урина само за да преживеат. Мојот татко бил бос, а морале по пат да го закопуваат и мртвите. Навистина тешко било за нив, затоа јас им благодарам за се она што го имаат направено за мене и мојот брат Нико“.