Попладнево на Градскиот стадион во Гостивар, истоимениот прволигаш со 2:1 успеа да го победи второлигашот Тетекс. Стрелци на головите за домашните беа Нкурунзиза и Кехинде. Треба да се каже дека ова беше пријателски меч со цел да се искористи паузата во ПМФЛ и ВМФЛ.
Инаку на овој натпревар свое деби како тренер на Гостивар, имаше Емре Озбајер од Турција, кој само пред неколку дена го презеде тимот на Гостивар.