Брахим Дијаз е на крстопат. Со оглед на тоа што за него во моментов се тепаат Шпанија и Мароко, тој се уште јасно не се изјаснил за чија репрезентација ќе настапува во иднина. Фудбалерот деновиве вели дека сега размислува само за Реал Мадрид, и за тоа како да му помогне на тимот во остварување на целите оваа сезона.
Шпански „АС“ пишува дека Мароканците копнеат да го направат играчот на Реал Мадрид нова ѕвезда на националниот тим. Извори блиски до Мароканската федерација уверуваат дека наскоро ќе почнат процедурите за национализација на играчот. Сепак, постојат две струи. Затоа што на иста патека се и луѓето од Шпанската федерација, кои велат дека за него вратите во шпанскиот тим се отворени.
„Колку што знам, Брахим сака да игра за Шпанија“, изјавил деновиве селекторот Луис де ла Фуенте, иако не го повика Брахим во тимот за овој квалификациски циклус.