Тепачка во У21 тимот на Италија, еден играч со скршен нос, друг исфрлен од тимот

621
Марко Насти

Во Италија деновиве кружат информации за обложувачкиот скандал во кој се поврзани неколку играчи, а капак на се беше тепачката во У21 тимот за време на тренингот.

Италија У21 моментално игра квалификации за ЕП, а во тренинг кампот имало тепачка по која напаѓачот на Бари, Марко Насти е исфрлен од тимот затоа што му го скршил носот на соиграчот Матео Руџери.

Селекторот Кармине Нунзиата летоска го презема У21 тимот, а на дебито одигра без голови со Летонија. Неколку дена подоцна ја победија Турција со 2:0, а Нунзиата сега ќе треба да ги смирува страстите меѓу играчите.

Насти има 20 години и е на позајмица во Бари од Милан. Тој ќе го пропушти мечот со Норвешка.

Руџери е крилен фудбалер на Аталанта.

ПретходноНеверојатен гол на Мбапе против Холандија (видео)
СледноМбапе ги замолкна Холанѓаните во Амстердам, Роналдо со 125. гола за Португалија