Атанасов среќен поради триумфот, Радуловиќ незадоволен од нивото на игра

180

По стартната победа над Шенчур, Пелистер не успеа да го добие и македонското дерби во АБА 2 лигата. Денеска битолчани загубија од МЗТ Скопје кој ја забележа првата победа во новата сезона.

„Добар натпревар за нас, особено во офанзивата. Игравме без еден од нашите најдобри кошаркари, Марко Баковиќ, но мислам дека екипата покажа дека може да игра добра кошарка и покрај поразот во првото коло. Сакам да му се заблагодарам на градот Суботица за одличниот пречек, се надевам дека ќе се видиме во Скопје“, изјави по мечот со битолчани, тренерот на МЗТ Скопје А., Васко Атанасов.

Дарко Радуловиќ, тренерот на Пелистер, пак, беше крајно незадоволен од бројните технички грешки во играта на својот тим.

„Очигледно не бевме на ниво на претходниот натпревар. Фокусот ни беше послаб, особено во одбраната. Во првиот дел со погодените тројки се држевме резултатски, но потоа потфрливме. Со 18 загубени топки не можеше да победи противник како МЗТ Скопје“, изјави Радуловиќ.

ПретходноУкраина утре без Кривцов на мечот со Македонија
СледноСити му нуди на Крос 13 милиони фунти годишно!