Децата на Работнички и Вардар ја носат Албанија на ЕВРО 2024!

2608

Таулант Сефери и Јасир Асани синоќа на „Аир Албанија“ стадионот во Тирана, самите ја победија Чешка со 3:0, и донесоа огромна радост на тамошните фанови во една прекрасна атмосфера за паметење. Сега нашиот западен сосед е на милиметри да стави точка на својот пласман на ЕВРО 2024. Два гола постигна Сефери а првиот го даде Асани.

Ништо чудно, ништо што нас како јавност би не “потресувало“ нешто освен основните податоци за овој натпревар.

Но, има тука едно големо НО.

Имено и двајцата се деца на Вардар и Работнички, нашите најтрофејни клубови. Асани е роден во 1995 година во околината на Скопје. Буквално е дете на Вардар, ги мина сите младински категории на клубот и беше првотимец. Сеуште се памети оној негов гол како играч на Вардар против Шкендија од 30 и повеќе метри. Еден од најубавите голови постигнат на Арената во Скопје.

Беше младински репрезентативец, после Вардар играше и за Победа и Шкупи, а потоа ја започна својата интернационална кариера. Сега игра за Гванжу од Ј. Кореја. Пред неколку години имаше преговори тој да заигра и за Македонија, но сешак се одлучи да го носи дресот на репрезентацијата на Албанија.

Таулант Сефери е роден во 1996 година во Куманово. Како многу мал преминува од Милано во Работнички, каде е ги минува сите младински категории на клубот од Градски парк и станува првотимец. Со своите настапи даде голем придонес во последната титула на Работнички во таа сезона 2013/2014. Беше и најмлад репрезентативец на Македонија во историјата едно време, ама потоа тој рекорд го надмина Дарко Чурлинов. Тоа беше неофицијален негов меч за Македонија, но затоа беше еден од најдобрите во младинските репрезентации на нашата земја.

Се говореше за него дека е еден од најголемите таленти кои некогаш сме го имале. Во јануари 2015 година направи трансфер од Градски парк во Јанг Бојс. Подоцна посака да игра за Албанија и успеа во тоа. Сега е стандарден првотимец во селекцијата на таа земја, исто како и Јасир Асани.

И сега двајцата напаѓачи, родени во Скопје и Куманово, деца на Вардар и Работнички ја носат Албанија на ЕВРО 2024.

ПретходноПелистер vs МЗТ Скопје во првата АБА2 пресметка!
СледноКако ќе биде подобро? Додека Пелистер „гори“ во Европа, ги „гори“ и македонските репрезентативци!