Енис Барди: Да го дадеме најдоброто од себе за да ја победиме Украина!

198

По двете последни средби, со Италија и Малта, на кои нашите фудбалери одиграа навистина добро и освоија 4 бода во квалификациската група – Ц за пласман на ЕВРО 2024, меѓу нашите фудбалери во пресрет на утрешниот дуел со Украина, владее голем оптимизам.

За тоа што може Македонија да стори утре во Прага, свој коментар има капитенот Енис Барди, а посебно по фактот дека неколку клучни играчи нема да настапат за противникот:

Па, без разлика кој нема да игра за Украина, тоа секако дека е селекција која е многу квалитетна, со многу добри играчи. Од друга страна ние сме фокусирани на нашата игра, да можеме да го дадеме најдоброто на теренот за да стигнеме до победата. Секогаш говориме за тоа кои ни се аномалиите, зборуваме за менталитетот кој сакаме да го промениме. Верувам дека сега ќе биде поинаку од тој меч на кој загубивме со 3:2. Мислиме само за утрешниот дуел“ посочи нашиот капитен.

ПретходноБлагоја Милевски: Очекувам отворен меч од двете страни!
СледноМилевски и Барди со специјален подарок – дрес за фоторепортерот Спасовски!