Фудбалскиот репрезентативец на Израел Шон Вајсман е обвинет за можен злочин од омраза против Палестинците. На својот профил на социјална мрежа споделил неколку пораки со омраза, поради што е реагирано од страна на група на Палестинци од Гранада поради што морало да реагира и локалното обвинителство. Вајсман игра за Гранада, па споделил неколку пораки против Палестинците.
Меѓу другите, напишал: „Разнесете ги, уништите ги… Одмаздете се! Зошто се уште не е фрлена бомба од 200 тона на Газа. Нема невини во Газа. Цела Газа поддржува тероризам“, напишал Вајсман.
Неговиот менаџер изјави дека тоа не го пишувал фудбалерот.
„Лицето задолжено да ви води неговите профили на социјалните мрежи реагирало погрешно и импулсивно. Шон Вајсман го поддржува Израел поради варварскиот и монструозниот терор врз неговиот народ, но исто така е против насилство врз невините и се моли за мир“, кажа Рој Раџбер кој се грижи за кариерата на играчот.
No sé yo si los “me gusta” de Shon Weissman en su Twitter van a sentar muy bien en su club… pic.twitter.com/ggADRv40b8
— Borja (@borjaperezp) October 9, 2023