ИФФХС: Струга ТЛ е убедливо најдобриот клуб од Македонија и е на 251.место во светот!

391

Пред два дена ИФФХС (Меѓународниот Институт за историја и статистика) ја објави својата ранг листа на најдобри 400 клубови во светот во моментов.

И таму се само два наши клуба, меѓу тие 400, и тоа Струга ТЛ и Шкендија.

Според ИФФХС шампионот е убедливо најдобриот македонски клуб кој е на 251. место со 71,5 поени и е подобро пласиран од екипите како Фулам, Левски, Бреидаблик (тимот од Исланд кој не дозволи Струга ТЛ да се најде во групната фаза во ЛК), Ал Итихад, Валенсија и други.

Втор наш клуб кој е на оваа листа е Шкендија од Тетово, која со 55 поени се најде на 396. место во светот.

Инаку на врвот е Манчестер Сити, а во топ-10 се и Реал Мадрид, Интер, Порто, Ал Ахли, Фламенго, Манчестер Јунајтед, Палмеирас, Фиорентина, Наполи.

Од регионот најдобро пласирана е Ц. Звезда на 71. место, додека Динамо Загреб се најде на 98.место.

ПретходноКако ќе биде подобро? Додека Пелистер „гори“ во Европа, ги „гори“ и македонските репрезентативци!
СледноУкраинските медиуми за Македонија: Генерација на млади фудбалери со храбар стил!