И фудбалер на Рома во обложувачкиот скандал во Италија

265

Фабрицио Корона кој во Италија е наречен „кралот на папараците“ го именува бекот на Рома, Никола Залевски како четвртиот играч кој се обложувал на натпревари што е против законско.

Претходно Корона го посочи Николо Фаџиоли, плејмејкерот на Јувентус како еден од играчите кои се обложувале на илегални интернет страници. Тој се правдаше дека играл блек џек и покер, но не се обложувал на фудбалски натпревари.

По него беа посочени Сандро Тонали од Њукасл и Николо Заниоло од Астон Вила. Двајцата беа изоставени од репрезентацијата и испрашани од полицијата.

Залевски има 79 натпревари за Рома под водство на Мурињо со ефект од два гола и четири асистенции.

 

 

ПретходноМеси по рекорден осми пат е освојувач на Златната топка
СледноНеочекуван пораз за Вецлар и Кузмановски