Легендарниот германски фудбалер Мирослав Клозе, најдобриот стрелец во историјата на Мундијалите, е кандидат за тренерската позиција на Олимпија од Љубљана. Тој е меѓу кандидатите да го замени португалскиот тренер Жоао Енрикес. Тоа е идеја на сопственикот и претседателот на клубот Адам Делиус, германски бизнисмен кој сака германски тренер на кормилото.
Клозе беше помошник на Јоаким Лев на клупата на Германија, го предводеше У17 тимот на Баерн и му помагаше на Ханси Флик во првиот тим. Потоа кратко работеше и во Алтах од Австрија.
Олимпија е трета на табелата со шест бода помалку од лидерот Целје.