Манчестер Ј. покрена внатрешна истрага по бројните повреди на играчите оваа сезона

807

Манчестер Јунајтед е се повеќе загрижен за бројните случаи на повреди на фудбалерите од почетокот на сезоната.

Според весникот „Дејли Мејл“, клубот започнал внатрешна истрага за да ги детектира причините за бројните повреди на главните играчи. Оваа сезона 16 играчи имаа проблеми со повредите, што во голема мера, според Тен Хаг, се одрази и на резултатите на екипата.

Медицинскиот пердонал на Манчестер Ј. активно се обидува да идентификува шеми врз основа на кои може да се преземат дополнителни превентивни мерки. Лекарите разгледуваат дали мноштвото на повреди на мускулите е последица на големиот број натпревари минатата сезона или на погрешен приод во реализацијата на подготвителниот период.

ПретходноФаџоли за една година уплатил повеќе од 100.000 евра во обложувалниците
СледноФ1 ќе се вози на „Спа“ до 2025 година