Лионел Меси после пауза од еден месец поради повредата со која се здоби полека се враќа на терените. Капитенот на Аргентина влезе во второто полувреме против Парагвај, меч, кој неговата репрезентација го доби со 1-0.
Меси пропушти шанса да се запише во листата на стрелци и да постигне еден од најубавите голови во неговата кариера, поточно да го стори она што му успеа на Артим Шаќири против Англија на 16 октомври 2002 година во Саутемптон. Поранешниот македонски репрезентативец од корнер за затресе мрежата на противникот за водство на Македонија.
Синоќа Меси го делеа милиметри за да го стори истото. Имаше уште една шанса да се запише во листата на стрелци, но не успеа.
Lionel Messi almost scored an incredible goal right from the corner 🔥
He has been trying that for sometime now and we may see that go in sooner than later 🐐#Messi #Argentina #InterMiamiCF pic.twitter.com/9S4gcmP4KU
— Inter Miami FC Hub (@Intermiamicfhub) October 13, 2023