Репрезентацијата на Аргентина синоќа на домашен терен го победи Парагвај со минимални 1:0 во третото коло од квалификациите за СП, а играта ја одбележа срамниот потег на Антонио Санабрија, кој го плукна Лионел Меси, кој пак го „закопа“ со една реченица.
Меси кој штотуку се опорави од повредата влезе во второто полувреме, еден месец беше надвор од терените. Тој се најде во центарот на вниманието во самиот финиш на натпреварот кога имаше вербална пресметка со гостинскиот напаѓач Санабрија кој го шокираше светот со својот срамен потег.
Имаа кратка дискусија, а кога Меси го сврте грбот, Санабрија плукна во правец на капитенот на Аргентина.
Sanabria por lo unico que podria ser recordado es por ser el burro y mal educado que escupio a Messi pic.twitter.com/I95K5aYeen
— El tio bostero🇸🇪 (@AhiVinoElTio) October 13, 2023
Меси не виде што направи Парагваецот бидејќи беше „храбар“ и тоа го направи зад неговиот грб, па тој дозна од своите соиграчи.
“Санабрија? Ми рекоа во соблекувалната дека некој ме плукнал. Вистината е дека не знам ни кој е тој човек. Не сакам навистина да зборувам за тоа бидејќи ќе отиде предалеку ако кажам нешто, а тоа навистина не е мојата цел“, рече Меси.