Неочекуван пораз за Вецлар и Кузмановски

72

 

Вецлар врза неколку добри резултати против силни екипи како Кил и Хановер, но вечерва доживеа пораз на домашен терен од аутсајдерот Бергишер со 28-32. Тимот на Филип Миркуловски и Филип Кузмановски останаа без планирани бодови затоа што важеа за фаворити.

Кузмановски имаше лош ден и постигна само еден гол. Вецлар е последен на табелата со четири бода. Следниот меч им е против Балинген.

ПретходноИ фудбалер на Рома во обложувачкиот скандал во Италија
СледноНеверојатен гол на Мбапе против Холандија (видео)