Постекоглу повторно е тренер на месецот во ПЛ, сега за септември! (ФОТО)

111

Тотенхем игра фантастичен фудбал оваа есен во Премиерлигата. Најголеми заслуги за тоа има новиот стратег Анге Постекоглу, кој буквално го препороди тимот од Лондон. Па токму затоа тренерот од Австралија, инаку по потекло Грк, ја доби наградата од страна на ПЛ за најдобар тренер за месец септември. Интересно е тоа што Постекоглу беше тренер на месецот и за август.

Последен пат вакво нешто се случило со Јирген Клоп, која на стартот од сезоната 2019/20 кога беше тренер на месецот во август и септември. Во таа сезона Ливерпул со Клоп како тренер ја освои и титулата во ПЛ.

Да видиме дали такво нешто ќе се случи со Тотенхем.

Image

ПретходноГостивар во пријателски меч го победи Тетекс со 2:1!
СледноМакедонското дерби во АБА 2 за МЗТ Скопје!