Навистина неверојатно е што се прават клубовите од С. Арабија. Имено при трансферот на Милан Павков од Ц. Звезда во Ал Фејха во 2022 година, клубот од С. Арабија требало да плати отштета во висина од 800.000 долари. Но на сметката на “црвено – белите“ од Белград “легнале“ само 799.990 долари или 10 долари помалку. Ц. Звезда покренала тужба во ФИФА за тие 10 долари и спорот го добила. Па така сега Ал Фејха како казна треба да исплати 100.000 долари и плус 5.000 долари а име на камата, или севкупно 105.000 долари.
Значи Саудијците место 10 долари сега треба да платат неверојатни 105.000 долари.
Навистина неверојатно.