Сидорчук: Бодовите од мечот со Македонија ни требаат задолжително!

195

Украинскиот репрезентативец Сергеј Сидорчук во пресрет на утрешниот дуел со Македонија, вели дека за Украина е обврска да освои 6 бода во следните два меча со Македонија и Малта.

„Натпреварите со Македонија и Малта, треба да ни донесат шест бода. Тоа е задолжително! Но, треба да се сетите како игравме со нив на почетокот на летото. Беше многу тешко, бидејќи не можам да именувам ниту една репрезентација која не може да игра модерен фудбал. Секоја година станува се потешко и потешко. Има се повеќе информации за фудбалот, тактиката, тренажниот процес. А фудбалерите од малите земји учат од примерот на цела Европа. Што се однесува до Македонија, сите се сеќаваат како го започнавме првото полувреме со нив на последниот натпревар. Беше многу тешко. Исто и со Малта. Ако не одиграте брза топка и не постигнете гол во првото полувреме, тогаш како одминува времето станува сè потешко за играње. Но, тие бодови ни требаат. Ни требаат вкупно девет бода ако сакаме да зборуваме за пласман на ЕП“, смета Сидорчук, кој оваа сезона ги брани боите на белгиски Вестерло.

ПретходноСити му нуди на Крос 13 милиони фунти годишно!
СледноКавадарчани славеа на тест-меч во Неготино