Централниот дефанзивец на украинската репрезентација, Сергеј Кривцов нема да може да игра против Македонија на утрешниот меч во Прага. Како што објавија од украинскиот табор, Кривцов е повреден.
Фудбалерот на Интер Мајами се повреди во САД, па нема да им помогне на „сино-жолтите“ за дуелот со нашата репрезентација. Ребров изјави дека централниот дефанзивец на Динамо Киев, Денис Попов, се вратил во репрезентативниот табор.
Сите останати играчи на украинската репрезентација се подготвени за средбата со Македонија, потврди Ребров.