Украинските медиуми за Македонија: Генерација на млади фудбалери со храбар стил!

310

Во пресрет на утрешниот меч во Прага меѓу Украина и Македонија, во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024, медиумите во Украина се занимаваат со нашата репрезентацција. Со тактиката, стилот на игра, кој е кој во составот на селекторот Благоја Милевски.

Па така порталот Football.ua дава интересна анализа насловена како – Генерација на млади фудбалери со храбар стил.

Ако го изоставиме делот од написот во кој се пишува за нашата фудбалска историја и зошто нашите играчи го насловуваме како Рисови, доаѓаме до тоа што мислат Украинците за сегашната селекција на Македонија предводена од Благоја Милевски.

За него се говори дека има и тренерска интернационална кариера.

За главна ѕвезда се смета Елиф Елмас. Се вели дека иако млад по заминувањето на Горан Пандев во пензија, Дијамантот станал предводник на оваа млада генерација која се одликува со храбар стил на игра.

Македонија играла, на што инсистира Милевски, доста храбро со висок пресинг. Без разлика дали игра со Италија или Малта, Македонија секогаш игра исто, или барем се обидува да игра храбро и одважно. Нашата слаба страна била позиционата одбрана, сме имале слаба контрола на длабинската зона. Во нападот Македонија била доста активна од сите позици, а опасна била од контри и полуконтри зошто имала брзи и снаодливи крилни играчи.

Но дека најопасна била од прекини, од слободни удари и од корнери.

Се заклучува дека Македонија била силен и опасен противник кој може да игра добро и без топка.

Сепак се зависело од тоа како ќе одигра нивната репрезентација.

ПретходноИФФХС: Струга ТЛ е убедливо најдобриот клуб од Македонија и е на 251.место во светот!
СледноСаудијците поради долг кон Ц. Звезда од 10 долари сега ќе и платат 105.000 долари!