13.10.1993 – 13.10.2023: Триесет години македонска фудбалска репрезентација! Можевме ли повеќе?(ВИДЕО)

209

Пишува: Зоран Ѓоршоски

 Денеска прославуваме јубилеј – 30 години македонска фудбалска репрезентација. На денешен ден пред 30 години во Крањ, на 13.10.1993 година Македонија го одигра својот прв репрезентативен натпревар и тоа на гости кај Словенија, славевме со 1:4. Утре играме со Украина во Прага, во рамките на квалификациите за ЕВРO 2024.

Во изминатите три децении одигравме 275 натпревари, забележавме 86 победи, на 69 ремизиравме а поразени бевме на 120. Гол разликата е 332:366. Овие мечеви ги одигравме против 67 различити репрезентации.

Во изминатиот период селектори беа Андон Дончевски, Ѓоко Хаџиевски, Драган Канатларовски, Ѓоре Јовановски, Никола Илиевски, Слободан Сантрач, Среќко Катанец, Мирсад Јонуз, Џон Тошак, Чеде Јаневски, Бошко Ѓуровски, Љубинко Друловиќ, Игор Ангеловски и актуелниот Благоја Милевски. Како В.Д. селектори беа Бобан Бабунски, Влатко Костов, Гоце Седлоски и Зоран Стратев.

Горан Пандев со 120 мечеви е апсолутен рекордер, следува Гоце Седлоски со 100 настапи, па Величе Шумуликоски и Александар Трајковски со по 84 меча.

Кога сме кај головите Пандев со 38 голови е најдобар стрелец, следува Трајковски со 20, Ѓорѓи Христов со 16, новиот капитен Енис Барди досега има 15 голови.

Ова се бројките, фактите, реузлтатите.

Имаме настап на ЕП 2021, имаме и настап на ЕП 2017 за селекции до 21.година. Имаме победи над Германија на гости, две ремија на гости со Англија, го имаме и оној епски триумф во Палермо над Италија со 0:1. Бевме на чекор до пласман на СП во Катар, не делеа 90 минути, поточно она финале против Роналдо и другарите кое го загубивме. Ќе се сеќаваме на онаа блескава победа во Тбилиси кога се пласиравме на ЕП. Имавме и други блесоци, но овие беа назјначајните. Најмногу се радувавме на пласманот на ЕП, на кое во група бевме со Украина, Австрија и Холандија.

Сепак, сепак оној гол на Трајковски и таа победа во Палермо вечно ќе останат во сеќавање.

Секако и тие 1:11 на гости кај Лихтенштајн, што е наша највисока победа, но и оние 7:0 на “Олд Трафорд“ со Англија пред неколку месеци, тоа е наш највисок пораз.

Имавме и радост и тага..како што е вообичаено во фудбалот.

May be an image of 6 people, people playing football, people playing soccer and text

МОЖЕВМЕ ЛИ ПОВЕЌЕ?

Се поставува прашањето дали можевме повеќе? Секако дека можевме.Од наша гледна точка сметаме дека само едно учество на едно големо натпреварување е премалку.Останува тагата по онаа прва селекција со Панчев, Најдоски, Јаневски, Канатларовски, Бабунски, Милко и Бошко Ѓуровски и останатите големи наши легенди, таа генерација можеше и мораше повеќе. Но, ете не успеа, а причините беа разни.

По многу, многу години на сцена стапи една нова генерација, победничка, која прво настапи на ЕП 2017 за селекции до 21.години а потоа и тоа како помогна да играме на ЕП 2021 за сениори, а сега е “костурот“ на тимот на селекторот Милевски.

Веруваме дека во блиска иднина уште еднаш овие момци како Елмас, Барди, Трајковски, Димитриевски, Муслиу, Алиоски, Миовски и останатите ќе не израдуваат со уште еден настап на ЕП или СП.

Посакуваме следниот јубилеј, оној 50-години македонска фудбалска репрезентација некои помлади генерации фанови на нашата репрезентација, а најголем дел од нив не беа родени кога оваа „приказна“ која ја започнавме во Крањ, да имаат што повеќе да напишат, да се пофалат барем со уште по едно –две европски или светски првенства.

Во продолжение низ видеа да ги проследиме победите на Македонија во Палермо, Тбилиси и Дуисбург.

Гледајте и уживајте.

 

ПретходноМагичен погодок го шокираше Бразил, Нејмар доби кутија по глава од своите навивачи (ВИДЕО)
СледноМилиметри го делеа Меси да постигне голчиште како Артим Шаќири (ВИДЕО)