Благоја Милевски: Очекувам отворен меч од двете страни!

96

Нашата најдобра фудбалска репрезентација, утре во Прага со почеток од 15 часот ќе ги одмери силите со Украина, во меч од квалификациите за ЕВРО 2024.

Нашата експедиција од вчера се наоѓа во главниот град на Чешка, а во пресрет на самиот натпревар, попладнево на прес конференција за овој натпревар свопе видување даде селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски:

Овој меч ќе биде различен од тој во Скопје. Дојдовме во ситуација во која на двете селекции им одговара само победа. Јас лично очекувам отворен меч од двете репрезентации. Ние треба да бидеме фокусирани во текот на сите 90 минути, а не како што беше на првиот дуел во Скопје. Без оглед на значењето на утрешниот меч, никогаш не треба да се има дилеми за тоа колку фудбалерите се мотивирани да го дадат максимумот“,

Милевски смета дека утрешниот ривал е максимално сериозен тим, но и тоа дека ние знаеме да играме против такви селекции:

Зарем треба да се трошат зборови за Украина. Таа е селекција со квалитетни играчи, но Македонија и досега покажа дека знае да игра против силни противници. На последните две средби покажавме добра игра и се надевам дека така ќе продолжиме и на овој дуел

заврши нашиот селектор.

ПретходноРеџеп Таип Ердоган до Монтела: “Grazie“! (ВИДЕО)
СледноЕнис Барди: Да го дадеме најдоброто од себе за да ја победиме Украина!