Македонското дерби во АБА 2 за МЗТ Скопје!

92

Во меч од 2.коло во АБА 2 лигата, во македонската “пресметка“, МЗТ Скопје со 91:78 успеа да го победи Пелистер. Ова беше прв триумф сезонава за шампинот во ова натпреварување, а прв пораз на Пелистер.

Попладнево во Суботица, видовме некој друг МЗТ Скопје, за разлика од мечот со Цедевита. “Металците“ одиграа далеку поквалитетно, знаеја што сакаат, затоа и триумфираа и ја продолжија серијата победи над ривалот од Битола.

А битолчани подобро го “отворија“ натпреварот, во првиот период. Имаше водство Пелистер, но во самиот финиш шампионот израмни на 22:22, за да потоа следуваше тројката на Маслинко па Пелистер ја заврши првата четвртина со 25:22.

Следуваше далеку подобар настап на момците на Атанасов. Заиграа подобро во одбраната, во нападот се редеа поените за “металците“ и во едно време шампионот имаше од 35:28, или серија од 10:0. Во тие моменти Пелистер беше немоќен. Се обиде да ја намали разликата, и успеа во тоа колку толку но одмор се замина со 45:40 за МЗТ Скопје. Треба да се каже дека во оваа фаза од средбата блескаше Лука Стојановски од Пелистер кој имаше 4 од 5 во шутевите за тројка. Тој сегмент го држеше сеуште во игра тимот од Битола, но и тоа беше бадијала.Третета четвртина заврши со мининална предност од 24:23 за тимот од Аеродром.

Во последниот период МЗТ го одржуваше своето квалитетно ниво, па така на пет минути до крајот, шампинот имаше предност и од +13 или 85:72. Сосема доволно за да битолчани полека, но сигурно како да се предадоа. Во самиот финиш тренерот на Пелистер, Дарко Радуловиќ им даде шанса на оние свои “резервисти“. Јасно беше дека и тој се предаде.

На крај резултатот гласеше 91:78 за МЗТ Скопје.

Кога сме кај поентерите, најефикасен на мечот беше Лука Стојановски од Пелистер со 22 поени, додека Војдан Стојановски одигра уште една одлична партија. Имаше 20 поени, четири тројка, едноставно беше главен фактор во победничкиот тим.

ПретходноПостекоглу повторно е тренер на месецот во ПЛ, сега за септември! (ФОТО)
СледноУкраина утре без Кривцов на мечот со Македонија