Милевски и Барди со специјален подарок – дрес за фоторепортерот Спасовски!

184

За време на пресот попладнево во Прага, на кој свое видување изнесоа за утрешниот меч со Украина, селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Бардид, имаше и мала свеченост.

Имено Милевски и Барди од името на нашата репрезентација и од името на ФФМ, му подарија дрес на фоторепортерот на „Екипа“ Роберт Спасовски. А поводот е денешниот јубилеј – 30 години од првиот меч на нашата репрезентација во Крањ, а Спасовски како фоторепортер бил учесник на тој меч од пред 30 години.

Вториот повод е дека денеска нему му е и роденден.

ПретходноЕнис Барди: Да го дадеме најдоброто од себе за да ја победиме Украина!
Следно“Рисовите“ го одработија тренингот на „Епет Арената“ во Прага: Македонија оди на победа! (ФОТО)