Португалија, Франција и Белгија изборија пласман на ЕП 2024

163

 

Со вечерашните победи националните тимови на Франција, Португалија и Белгија се пласираа на Европското првенство што ќе се одржи во Германија во 2024 година.

Франција ја совлада Холандија во Амстердам со 2:1 со два гола на Мбапе, Португалија славеше дома над Словачка со 3:2, додека Белгија се радуваше во победа на гостувањето кај Австрија со 2:3.

Овие три репрезентации се првите кои се пласираа на ЕП 2024 не сметајќи го домаќинот Германија.

ПретходноМбапе ги замолкна Холанѓаните во Амстердам, Роналдо со 125. гола за Португалија
СледноЕвролига: Црвена Звезда во финишот поразена во Каунас