Откако заврши пресот на селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди, нашите репрезентативци го одработија вообичаениот тренинг на „Епет Арената“ во Прага, каде утре ќе се одигра мечот со Украина.
Последните совети од страна на селекторот Благоја Милевски се поделени, нашите „рисови“ се уверени дека може да се дојде до победа, но само ако се повторат игрите од минатиот месец со Италија и Малта.
Секако дека цела македонска фудбалска јавност ќе очекува утре убави вести од Прага.
Ние веруваме во нашите момци, веруваме во победа.