Во Италија деновиве кружат информации за обложувачкиот скандал во кој се поврзани неколку играчи, а капак на се беше тепачката во У21 тимот за време на тренингот.
Италија У21 моментално игра квалификации за ЕП, а во тренинг кампот имало тепачка по која напаѓачот на Бари, Марко Насти е исфрлен од тимот затоа што му го скршил носот на соиграчот Матео Руџери.
Селекторот Кармине Нунзиата летоска го презема У21 тимот, а на дебито одигра без голови со Летонија. Неколку дена подоцна ја победија Турција со 2:0, а Нунзиата сега ќе треба да ги смирува страстите меѓу играчите.
Насти има 20 години и е на позајмица во Бари од Милан. Тој ќе го пропушти мечот со Норвешка.
Руџери е крилен фудбалер на Аталанта.