Вториот тим на Е. Пелистер, конечно, ја прекина серијата порази. На домашен терен, младиот тим на „зелено-белите“ славеше над Куманово со 38:29. Гостите одиграа цврсто во првиот дел, а Тасевски брзо и заработи црвен картон.
Битолчани одиграа стандардно во продолжението, успеаја да ја зголемат предноста и на крајот да дојдат до посакувана победа. Мирчевски со осум и Калајџиовски со шест гола беа најефикасни кај домашните, додека кај гостите Симоновски имаше 7 гола.