На нешто повеќе од еден час пред стартот на натпреварот Украина – Македонија, на “Епет Арената“ во Прага, познати се и стартните состави на двете селекции.
Нашиот селектор Благоја Милевски овој денешен меч, кој започнува од 15 часот, ќе го започне со истите единаесет од дуелот со Италија, кој се одигра минатиот месец во Скопје, само место повреднениот Зајков, стартер ќе биде Серафимов.
Формацијата останува иста, а таа е 3-5-2:
Димитриевски, Манев, Муслиу, Серафимов, Ашковски, Елези, Барди, Атанасов, Алиоски, Елмас и Миовски.
Сергеј Ребров се одлучи за следните единаесет:
Трубин, Конопља, Забарни, Матвиенко, Миколенко, Степаненко, Зинченко, Зубков, Судаков, Мудрик и Довбук.
Главен судија на оваа средба ќе биде Славко Винчиќ од Словенија.