По првите 45 минути во Прага, 1:0 за Украина и тоа со голот на Судаков во 30.минута, кога по една наша грешка, Украинецот шутираше, топката го погоди Серафимов, и го измами Димитриевски.
Пред голот Украина беше подобра, имаше и шанси, но затоа по тој гол на Украина, Македонија играше одлично, создаде неколку шанси, имаше и зицери. Миовски во дван наврати, па Ашковски и Елмас, но немавме среќа, штета.
Па така на полувреме се замина со 1:0 за Украина, иако требаше и мораше да биде далеку подобро на резултатски план.
Охрабрува тоа што во последните 10 минути од полувремето, Македонија одигра одлично.