Укрaина – Македонија: Одиме на победа, да си го вратиме она што го загубивме во Скопје!

291

 

Денеска во Прага со почеток од 15 часот, Македонија се чини дека ќе го одигра еден од најважните ако не и најважниот меч во квалификациската група – Ц за пласман на ЕВРО 2024. И гостуваме на Украина, селекција против која имаме четири порази во серија, значи тежок ривал е пред нас. Но, ние ако сакаме и натаму да сонуваме за евентуален пласман на ЕВРО 2024, повеќе од јасно е дека денеска мора, баш мора да се победи. Ако Англија е недостижна на тоа прво место во групата, тогаш Италија, Украина и Македонија имаат по 7 бода, но „аѕурите“ имаат меч помалку одиграно и денеска ја дочекуваат Малта во Бари.

А после овој меч во Прага играме на гости со Италија и за крај со Англија дома.

Ете, тие се математиките.May be an image of 11 people, people playing football, people playing soccer and text

Нашата репрезентација охрабрена, по одличната игра против Италија и победата над Малта, ќе влезе на овој натпревар. Покажавме дека не сме заборавиле да играме квалитетен фудбал, дека знаеме и тоа како да одиграме како што треба. Украина е пред нас, нема што, силен противник, ја “имавме“ во раце во Скопје во јуни. Ја декласиравме во првото полувреме и тоа со 2:0, но потоа застанавме и дозволивме гостите да се радуваат на тие 2:3. Значи денеска е ден и за одмазда, едноставно сакаме да го вратиме она што го загубивме во Скопје.

Македонија оди на победа. Во нашиот табор оваа реченица во изминатите денови е кажана многупати од репрезентавците, тие најдобро знаат против кого играат и како треба денеска да одиграат за да дојдат до тие три бода.

Ние веруваме во нив, во Елмас, Барди, Џани, Столе…само напред и со победнички мисли.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2024 ГРУПА – Ц

ДЕНЕСКА:

Прага: Украина – Македонија (15:00 Ч)

Бари: Италија – Малта (20:45 Ч)

ТАБЕЛА

1.АНГЛИЈА 5 4 1 0 16:2 13

2.ИТАЛИЈА 4 2 1 1 6:4 7

3.УКРАИНА 5 2 1 2 6:7 7

4.МАКЕДОНИЈА 5 2 1 2 7:12 7

5.МАЛТА 5 0 0 5 1:11 0

ПретходноЗа време на мечот помеѓу Лихтенштајн и Босна и Херцеговина стигнала дојава за бомба
СледноПелистер на домашна рехабилитација