Вардар добро му „легна“ на ТФТ после АБА2-лига

89

ТФТ по враќањето од првиот турнир во АБА2-лига каде стартуваше со два порази, се врати на старите обврски во домашниот шампионат, а тука за противник го имаше дебитантот Вардар.

Тимот од Тафатилиџе успеа да се рехабилитира на најдобар можен начин славеше со убедливи 64-88 за втора радост во Првата лига. На другата страна пак за „црвено-црните“ ова беше прв пораз оваа сезона.

Ташовски беше стрелец на 17 поени, во редовите на домашниот состав Атанасов беше стрелец на 15 поени.

ТФТ името на победникот го реши во првата четвртина ја доби со 8-27. Во продолжение противникот ја подобри играта, но тоа пак не беше доволноз а да се врати целосно во игра. На одморот беше 27-50.

Во следните две четвртини беше израмнето, ТФТ одигра онолку колку што беше потребно за да ја запечати победата.

ПретходноРикиардо се враќа во Алфа Таури за трката во Остин
СледноШешко ја носи Словенија кон Евро 2024, Бугарите редат порази