За време на мечот помеѓу Лихтенштајн и Босна и Херцеговина стигнала дојава за бомба

224

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го совлада Лихтенштајн со 2:0 на гостински терен во квалификациите за ЕВРО 2024 година. Овој дуел беше неколку пати прекинуват поради бројните бакљи кои ги запалија навивачите на Босна.

За време на мечот, во Вадуц, главниот град на Лихтенштајн владеело мала паника. Во полиција била пријавена најава за бомба, па целиот град во петокот вечерта бил евакуиран.

Потрагата по експлозиви траела одреден период, но на крајот било утврдено дека се било лажна тревога и жителите брзо се вратиле во своите домови.

Медиумите во Лихтенштајн пишуваат и дека полицијата веднаш дошла на местото, ги блокирала влезовите и излезите на градот, но паниката брзо била прекината.

Инаку, Вадуц е мало гратче со 5.000 жители каде нема забава после 21 часот, поточно не работат кафулиња, ресторани, продавници.

ФОТО:lfvnews

ПретходноКуман и неговите неверојатни изјави, дали овој човек се слуша?
СледноУкрaина – Македонија: Одиме на победа, да си го вратиме она што го загубивме во Скопје!