Има само 16 години а според “Трансфермаркт“ вреди 50 милиони евра!

162

Ламине Јамал урна уште еден рекорд. Имено тој е најмладиот фудбалер во историјата кој според “Трансфермаркт“ вреди 50 милиони евра. Иако има само 16 години, мега – талентот на Барселона е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност.

Стана најмладиот стрелец во репрезентацијата на Шпанија и е стандарден првотимец на својата Барселона.

Пред само неколку месеци неговата вредност изнесуваше само 25 милиони евра, а сега двојно повеќе.

Роден е на 13 јули 2007 година.

ПретходноБрегалница во пријателски меч го победи Детонит!
СледноПолувреме: Украина со водство, Македонија промашуваше идеални шанси! (ВИДЕО)