Конте: Кога ќе се вратам, ќе биде тешко за сите!

503

Антонио Конте се закани дека повторно ќе биде фактор во тренерската професија. Toj е слободен од март по заминувањето од Тотенхем. Се појави информација дека деновиве го одбил Наполи.

„Знам дека се појавија разни информации, но во моментов чувствувам потреба да посветам повеќе време на себе и на ќерка ми која расте. Тоа е само животен избор. Но, тогаш ќе бидам подготвен ќе се вратам, а ќе го направам тоа, ќе биде тешко за сите други“, рече за „Газета дело Спорт“ додавајќи: 

„Во моментов одлучив да поминувам повеќе време со семејството. Но, продолжувам да учам и да ги следам промените во спортот. Кога ќе се вратам, ќе бидам подобро подготвен да се соочам со големите предизвици.

Во суштина, за мене стресот е како гориво, адреналинот во најчистата форма. Ме мотивира тензијата, бидејќи кога победуваш чувството е подобро“, се инспирира специјалистот.

Конте дури кажа и каков клуб би сакал да води во иднина:

„Би сакал да преземам тим кој неодамна бил шампион, бидејќи пример го преземав Челси кога беше седми, Јувентус исто кога беше седми„. 

ПретходноМакедонија со бели дресови во Прага, Украинците во сина опрема!
СледноНавивајте за Македонија во Струмица за само 200 денари!