Некогашниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез денеска објави која е негова прогноза за борбата за титулата во Мото ГП во 2023 година.
Според пилотот на Хонда, Хорхе Мартин е фаворит во борбата против актуелниот шампион Франческо Бањаја.
„Веќе кажав, мислам дека пред две трки, и денеска го повторив во разговор со шпанските новинари: ако треба да се обложувам на некого, би се обложил на Хорхе. Зошто? Затоа што не чувствува никаков притисок. Тој не ја брани титулата. Ако го освои првенството ќе биде неверојатно. Завршувањето на второто место би било нормален резултат, бидејќи се очекуваше победа на Пеко“, вели Маркез, кој идната сезона ќе вози за тимот на Гресини.